Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Андријана – пејачката со шлиц до колкот, го украде шоуто
Изгледаше како божица во ова издание
Македонската поп-дива Андријана Јаневска овој викенд имаше брилијантен настап како гостинка на фестивалот Макфест.
Таа на познатата сцена испеа некои од најголемите макфестовски хитови, а беше дочекана срдечно како од публиката, така и од организаторите на кои им се заблагодари за поканата да биде дел од манифестацијата.
Пејачката по настапот сподели неколку фотографии на Инстаграм од истиот, па за нејзиното брутално издание се уште се зборува.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Имено, Андријана за оваа пригода избра долг, црвен фустан со шлиц со кој пејачката ги истакна нозете, а целото издание го заокружи со впечатливи сандали и големи обетки.
Нејзината коса беше врзана во висока пунџа, а деколтето зачинето со „ружи“ направени од материјалот на фустанот.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Пејачката со ова свое издание никого не остави рамнодушен, па на Инстаграм се уште добива позитивни реакции од фановите.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Инстаграм/ Андријана Јаневска
„Најубава“, „Апсолутно најубава жена од јавните личности“, „Убавица“, „Прекрасна дива“, Фантастична“ беа само некои од овие коментари што укажува на тоа дека Андријана покрај титулата дека е една од најшколуваните, потполно заслужено важи и за една од најубавите пејачки.