Ќерката на Маја и Дарко Панчев со своето згодно тело мами воздишки – мама и тато никогаш погорди (фото)
Се појави на модната писта и го украде шоуто
Наследничката на Дарко и Маја Панчеви сјајно се покажа во улога на манекенка појавувајќи се на една модна ревија.
Ќерката на Дарко Панчев и Маја Грозданвска-Панчева, Марија Панчева, овој викенд како вистински професионалец се прошета на модните писти во склоп на Модниот викенд во Скопје и го украде шоуто.
Марија пред публиката се појави во неколку изданија, а некои од нив на својот профил ги сподели и нејзината сестра Надица.
Инстаграм
И ако судиме според коментарите, но и реакцијата на гостите, Марија одлично се снајде во оваа своја улога, а нејзините родители секако беа горди што својата наследничка ја гледаат во вакво издание.
Инстаграм
Манекенката посебно внимание привлече со белиот фустан што го носеше, додека пак нејзината сестра блескаше на столчињата.
Како Марија се снајде во оваа улога, но и како изгледаа и Маја и Надица, погледнете во продолжение…