Нашата пејачка се претвори во Хурем Султан од Сулејман Величествениот? А тело – како милион долари!
Младата пејачка Теа Трајковска ги воодушеви сите со својот нов тренди имиџ
Таа иако во медиумите не се експонира премнoгу, со секоја своја објава знае како да ги израдува бројните фанови, па таа и овој пат со новата промена на имиџот пејачката никого не остави рамнодушен.
Младата пејачка Теа Трајковска го привлече вниманието како со својот прекрасен глас, така и со својот егзотичен изглед.
Таа е млада и шармантна дама која со својата убавина плени каде и да се појави, така што никој не може да остане имун на неа.
Нејзиниот стајлинг предизвикува внимание и на социјалните мрежи, а едно од нејзините последни изданија ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Имено, Теа е позната и како девојка која често ги менува и сака да експериментира со стиловите, но и со своите фризури.
Па така таа сега се пофали дека е црвенокоса, а во коментарите доби пораки дека потсетува на Хурем, главната улога во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“ која што ја глумеше една од најпознатите и омилените турски актерки, Мерјем Узерли.
Инстаграм/ Теа Трајковска
„Хурем султана со косава Теич, едвај чекаме нови песнички“, гласи еден од овие коментари под нејзините фотографии.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Инаку, Теа никогаш не криела дека сака да експериментира со стиловите, па така во една пригода за тоа изјави:
„Од кога знам за себе, сакам да експериментирам, посебно со косата. Мислам дека сум ги пробала скоро сите бои и должини“, изјави Теа во една пригода за Гламур магазин, а со оваа промена и го дожажа тоа.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Потсетуваме, на овогодишниот Макфест ќе се престави заедно со Таско с песната Сатурн, па сите се нестрпливи да ја видат задно на оваа сцена.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Во текот на летото пак Теа заедно со ДНК ја пуштија во етерот „Амајлија“ која се уште е голем хит на нашите радио станици, а во спотот косата и беше мошне слична со сега, само малку посветла и пократка.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Во продолжение потсетете се како оваа наша убавица изгледше и во ова издание, а воедно уживајте и во нејзиниот волшебен глас…