Албанците порано доаѓаа кај нашите композитори за песни и кај нашите дизајнери за облека, сега ние треба да учиме од нив – вели Скендеровски
Поп пејачката Бојана Скендеровски беше гостинка во поткастот „Равенка за успех“ кај домаќинката Маја Поцевска.
Маја навистина недостасуваше во етерот – вака Бојана ја поздрави и ѝ посака успех со новиот проект на водителката, која направи подолго време пауза на екраните.
Маркетинг
Во поткастот гостинка е и Ивана Кнез. Не случајно ги поканила заедно, тие од неодамна се во соработка и ги заеднички ги рекламираат или презентираат модните парчиња од новите колекции на Кнез. Интерeсен тандем на две силни жени.
Во поткастот се зборува за различни теми, а меѓу многуте дискусии Бојана кажа став и за естрадата.
Таа направи паралела со албанската естрада која не надмина со стандардот во последно време.
– Порано Албанците доаѓаа тука и кај нашите композитори правеа песни, се облекуваа кај нашите дизјанери. Низ годините работеа многу , вложуваа во себе за денеска тие да работат комплетно со свој тим и да изгледаат светски. Ние треба малку да учиме од нив, мора заеднички да работиме и да се поддржуваме, само така се успева – рече Бојана.
Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.