Реклама
Наши ѕвезди

На Влатко Лозано му се оствари сонот – стана татко, но партнерката се уште ја крие од очите на јавноста

Влатко Лозано доби син, откриено и како ќе се вика бебето

Реклама

Нашиот познат пејач се оствари во најважната улога во животот

Еден од нашите најпознати поп-пејачи, Влатко Лозано, се оствари во улога на татко со избраничка за која се уште ништо не се знае.

Како што пренесуваат нашите медиуми, Влатко добил син на кого му го дале името Марко, а мајката е девојка која пејачот ја крие од очите на јавноста не откривајќи детали од приватниот живот.

Маркетинг

Потсетуваме, Влатко порано девет години беше во врска со убавата манекенка од Валандово, Савка Грачанин.

Маркетинг
Инстаграм

Тие се разделија во 2017 година непосредно пред да се случи нивната свадба, а две години претходно се свршија.

Тогаш веста дека пејачот ја побарал нејзината рака и дека повеќе не е ерген ги изненади сите, како што беше голем шок и кога се откри дека тие решиле да ја раскинат веридбата.

Инстаграм

Што се однесува до новата партнерка на Лазано, за сега се знае многу малку, иако медиумите се обидоа да дојдат до конкретни изјави во врска со раѓање на детето и мајката, но пејачот за сега се уште не коментира.

Инстаграм

Потсетуваме, Влатко Лозано е еден од нашите најпознати пејачи, а четири негови песни минатата година беа најслушани.

Инстаграм

Како што неодамна објави Здружението на авторски музички права, овие негови песни се меѓу десетте најслушани македонски песни во претходната година, а се предвидува и неговата најнова песна која што излезе пред неколку недели исто така да биде голем хит.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button