ЈАС НЕМАМ ПЕРФЕКТНО ЛИЦЕ: Убавата Македонка на ТИКТОК ги советува малите девојчиња
Светот на интернет НЕ Е РЕАЛЕН, вели Луна Декиќ Стефаноска, модел и инфлуенсерка. Таа е многу популарна на социјалните мрежи, го привлекува своето внимание со убавината, но и интересните видеа.
Луна е девојка која редовно се снима за социјалната мрежа Тикток. Таа често дава модни совети, предлози за козметички произзводи, но не ретко таа објавува видеа за различни социјални теми за подобро ментално здравје.
Меѓу последните видеа забележавме како Луна ги советува девојчињата да не веруваат во се што ќе видат на интернет.
– Видеата на социјалните мрежи не се раелни! Еве на пример, јас имам проблеми со лицето, мене лицето не ми е чисто, на Инстаграм ги средувам сликите, но еве овде ќе ви покажам дека моето лице не е такво какво на сликите – вели таа на видеото.
И храбро покажа фотографии како пред еден месец изгледало нејзиното лице.
Луна премногу се псоветила за да го среди лицето.
Таа понатаму вели дека понекогаш снима како и поминува некој многу интерсен ден, но дека не е секој ден таков.
– Ако објавам некогаш како јадам некој фенси оброк, не е дека секој ден така се хранам, има денови кога јадам манџи, грав, полнети пиперки – вели таа.
Луна објаснува дека инфлуенсерките нема да објавуваат кога плачат или кога се тажни.
Погледнете го целото видео :
@stefanoskaluna