Реклама
Наши ѕвезди

Цеца ја „запали“ Словенија, а со неа и нашиот пејач Мики Секуловски – пејачката заплака пред публиката

Пејачката им приреди спектакл на своите фанови, но и тие со она што го направија успеаја да ја разнежат

Реклама

Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт за паметење во Словенија за кој зборува целиот регион.

Станува збор за јубилеен 30-ти концерт на Цеца во Словенија, а најдобар доказ за тоа колку тамошната публика ја сака покажува и огромната заинтересираност за истиот.

Најемотивниот момент беше кога на видеобимот беше пуштена снимка составена од кадри од нејзините концерти ширум Словенија, а обожавателите почнаа да и ги носат подароците на кои Цеца не можеше да остане рамнодушна.

Маркетинг

Инстаграм/ Мики Секуловски

„Ви се заблагодарувам многу! Баш ме израдувавте, онака, разнеживте“, изјави Цеца обидувајќи се да ги сокрие солзите радосници.

Маркетинг

Инстаграм/ Мики Секуловски

Потсетуваме, Цеца направи концерт во местото Подчетртек кое одвај брои нешто преку 500 жители, а кое се наоѓа на границата со Хрватска.

Интересно е тоа што Цеца на концертот успеа да собере околу 3000 посетители, што навистина е импозантна бројка за едно вакво место.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Како изгледаше местото непосредно пред да се одржи концертот можевме да видиме и од објавата на македонската Гранд ѕвезда Мики Секуловски кој повторно беше гостин на концертот на балканската фолк дива.

Инстаграм/ Цеца Дива

Просторот беше исполнет до последно место, а пејачката за оваа пригода носеше црн фустан зачинет со светкави детали и висок прорез кој во преден план го истакна нејзиното убаво тело.

Инстаграм/ Цеца Дива

Потсетуваме, нашиот пејач Мики Секуловски по „Ѕвездите на Гранд“ често е гостин на концертите на својата менторка Цеца.

Нивниот прв заеднички настап беше во Битола кога нашата публика беше воодушевена што ги гледа задно, па балканската фолк-дива реши да продолжи да го кани и на останатите свои настапи што Секуловски очигледно со задоволство го прифатил.

Бонус видео

@mikisekulovski

#mikisekulovski #cecaraznatovic #macedoniantiktok #balkantiktok #ceca #duet

♬ original sound – Miki Sekulovski

Цеца горда на Мики

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button