CelebrityИнтервју

Се трудам да изгледам с*кси и светски, а не ниско и евтино, открива Сузана Гавазова во интервјуто за Гламур

Некогаш не можам да поверувам колку можам и колку имам енергија и сила, но мислам дека таа енергија мија дава публиката назад-искрено со Сузана Ѓавазова

Реклама
Реклама

Гламур интервју со Сузана Гавазова

Сузана Гавазова е една од најдобрите и најубави  фолк-пеачки кај нас, која и покрај двете бремености изгледа беспрекорно. Вели дека изгледот се должи на тоа што има повеќе активности и внимава на исхраната, но откри и кои навики би сакала да ги исфрли, но во моментот тоа некако не и успева. Таа пешачи во природа, плива и редовно вежба, а што уште ни откри за тоа како успева да се одржи во форма и која е нејзината тајна за добар изглед, откријте во продолжение….

Приватна архива

Кои се Вашите песни на кои публиката најдобро реагира и се весели?

Публиката најмногу реагира на „Бум Бум“, „Свадба весела“, „Докторе“, „Лудо лето“.

Маркетинг

Колку енергија бараат Вашите настапи?

Моите настапи бараат доста енергија и јас на моите настапи се давам целосно, но ако имам добра публика тогаш воопшто не чувствувам замор. Некогаш не можам да поверувам колку можам и колку имам енергија и сила, но мислам дека таа енергија ми ја дава публиката назад, така да можам секој ден да пеам месец дена и да не осетам умор, нормално ако пазам на исхрана и сепак да спијам барем 6 часови на ден.

Приватна архива

Многумина коментираат дека имате феноменален изглед, а на некои најверојатно им е и тешко да поверуваат дека сте мајка на две деца. Во што се крие тајната на вашето вито тело?

Е токму затоа изгледам подобро, затоа што сум мајка и тоа доста активна. Најубавото нешто што може да и се случи на една жена е да стане мајка. Сум кажала многу пати, не кријам, тајната е во исхраната, добрата и позитивна мисла и секако активности во природа.

Маркетинг

Приватна архива

Во текот на летните месеци често споделувавте снимки од плажа на социјалните мрежи кои во фокусот е вашето тело. Какви костими за капење сакате најмногу и дали е потребна храброст за да се фотографирате во нив?

Го обожавам летото и костимите за капење. Секогаш кога имам нов костим за капење сакам да си направам фотографии или некоја снимка за да се пофалам. Се трудам тоа да изгледа с*кси и светски, а не ниско и ефтино.

Приватна архива

Како успеавте да го донесете телото во топ форма после две бремености?

Тоа се должи на повеќе активности и внимавање на исхраната.

Кои работи ги нема на Вашето мени, но и навики за кои сметате дека треба секој да се реши?

Сакам кафето да го исфрлам ама некако не ми успева. Мислам дека е подобро на сабајле да се пие чај.. Ги исфрлив од исхрана само чоколадите и газираните сокови.

Приватна архива

Без кои намирници не можете и кои придонесуваат да имате енергија и добра линија?

Во моето мени обавезно има зеленчук, овошје, салата, бело месо и риба.

На Вашиот Инстаграм често споделувате јадења што сте ги направиле, а кои изгледаат мошне вкусно. Можете ли да споделите со нашите читатели некој вкусен, но „здрав“ рецепт?

Уживам во готвењето и дома сите сакаме да јадеме готвено јадење. Моите деца не ја сакаат ресторанската храна а најмалку брза храна. Така се навикнаа од мали и многу се радувам што е така. Инаку најомилено јадење ми е грав. Гравчето е многу здраво да се јаде затоа што е богато со протеини, одличен извор на железо, калциу и селен.

Рецептот сигурно го знаете (хехе). Гравчето кога ќе се свари се потпржува со масло, брашно и црвен пипер и тоа е тоа

Приватна архива

Дали вежбате и која Ви е омилена вежба?

Пешачам во природа, пливам и правам основни вежби, ништо повеќе. Омилени вежби ми се склекови, стомачни и чучњеви.

Како се негувате, кој е Вашиот дневен ритуал?

Не се негувам нешто посебно, крема за лице и лосион за тело мислам дека е доволно за кожата да биде мека и хидрирана.

Што мислите за естетската хирургија, дали имате нешто направено и ако не дали во иднина би направиле нешто ?

Не мислам ништо за естетската хирургија и не мислам дека нешто ќе правам во иднина.

Како постигнувате внатрешен мир и што е она што најмногу ве опушта?

Внатрешен мир постигнувам со помош на молитва кон Бога и најмногу ме опушта кога со децата имаме некоја игра или кога сите заедно пешачиме, пливаме или скијаме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button