Голема прослава во домот на Мими и Филип од Велес – никогаш посреќни, вљубени како и првиот ден
Е ова е преслатко!
Мими Јовановска која пред две години застана на лудиот камен со својот партнер не крие дека во бракот и цветат ружи.
Пејачката која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ често споделува заеднички моменти на кои е со својот сопруг, но и со синот Никола.
Тие на вечна љубов се заколнаа во 2022 година, а веќе во мај следната година се остварија и во улога на родители.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Мими овој пат ги искористи социјалните мрежи и со една заедничка романтична црно-бела фотографија на која е со својот сакан му го честиташе роденденот и со емотивната порака покажа дека е вљубена во него како и првиот ден.
Инстаграм/ Мими Јовановска
„Среќен роденден, љубов моја“, напиша оваа убавица под фотографијата со која ги воодушеви своите бројни фанови.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Потсетуваме, Мими се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ на свои 19 години и беше една од најдобрите пејачки.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Таа иако пред нешто повеќе од година дена се оствари во улога на мајка, своето тело повторно го доведе во топ форма, па многумина велат дека пејачката сега изгледа дури и подобро од порано.
Очигледно и таа самата е свесна за својата убавина па често споделува фотки на кои блеска од глава до пети, посебно кога ќе се стокми во некоја креација специјално избрана за своите настапи.
Некои од овие фотографии погледнете во продолжение…