Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд, денеска ненадејно почина во Охрид, каде што учествуваше на вториот Форум за културна дипломатија чиј коорганизатор беше кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов.
Трагичниот настан го потврдија од канцеларијата на Иванов, од каде што велат дека поранешниот претседател изразува длабоко и искрено сочувство до семејството на Салмонд.
„За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска, кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина“ -велат од Канцеларијата на Иванов.
Маркетинг
Вечерва ќе се одржи комеморација, на која свои обраќања ќе имаат Иванов, заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН, Мигел Анхел Моратинос, како и дел од другите учесници на форумот. На комеморацијата, како што наведува агенцијата, ќе присуствува и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.
Салмонд почина на 69-години, додека држеше предавање на Школата за млади лидери во Охрид, потврди Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, кој е организатор на Школата.
Маркетинг