Преубава вест од семејниот дом на нашиот познат пар – пристигнуваат честитки, сите блескаат од среќа
Светлана и Мики Црнокрак споделија преубава вест
Познатиот пар слави годишнина од бракот
Тие важат за еден од најскладните бракови на нашата јавна сцена, а заедно се скоро три децении.
Станува збор за Светлана и Мики Црнокрак, поранешните модели кои денес се сопственици на модното студио „Црнокрак“.
Тие всушност и се запознале на една модна ревија во 90-тите, а меѓу нив веќе со децении гори истата љубов како и првиот ден.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Светлана и Мики годинава слават 27 години брак, а круна на нивната љубов се ќерките Моника (27) и Нина (13).
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
По овој повод Светлана сподели фотографија од нивната свадба, но и една со која ги воодушеви сите со својот имиџ.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Имено, македонскиот супермодел на Инстаграм сподели фотографија од неодамнешниот избор за Мис Универзум, а на која блеска покрај својот животен сопатник во преубаво издание.
Светлана за оваа пригода носеше фустан со кој буквално го украде шуто кога се појави на настанот на кој беше дел од жирито.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Иако не е необично да ја гледаме оваа 48-годишна дама во вакво издание, таа никого не остави рамнодушен со својот имиџ.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Но Светлана која очигледно сака пријатно да ги изненадува своите фанови, тоа го направи и во текот на летото.
Имено, оваа прекрасна дама тогаш сподели неколку фотографии од Хрватска со кои буквално го „запали“ Инстаграм.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Светлана тогаш носеше костим за капење во жолта и сина боја, а со ова свое издание покажа дека не за џабе веќе со децении ја носи и титулата една од најзгодните и најубавите жени во Македонија.
Очигледно дека на оваа наша убавица со потекло од Гостивар годините не и можат ништо, за што сведочат и следните фотографии.