Тешкиот живот на ова девојче од соседството го расплака целиот Балкан – оваа фолкерка веднаш се огласи
Тешкиот живот на ова мало девојче нема никого да остави рамнодушен
Многумина не можеа да останат рамнодушни на ова видео, а една од нив е и српската фолк-пејачка Сека Алексиќ.
Станува збор за видеото со малото девојче Огњенка кое живее со својата мајка во тешки услови, а кое го потресе регионот.
Огњенка и нејзината мајка живеат во потполно трошна куќа, која повеќе наликува на шупа, но како што вели малото девојче својот дом си го почитува бидејќи го изградиле нејзините прабаба и прадедо.
Принтскрин/ фејсбук
И како што пишува во описот на видеото, Тамара и нејзината 11-годишна ќерка живеат во тешки услови, во една соба која што всушност е шупа. Нивната куќа во секој момент може да се сруши, немаат ни вода ни купатило, но и покрај сиромаштијата, тие се борат секој ден.
Принтскрин/ фејсбук
Огњенка е одлична ученичка, а нејзината желба за учење и успех е неверојатна, иако нема ни основни услови за живот.
Таа е едно созреано и паметно девојче кое со неверојатна сила го прифатила тешкиот живот и никога не бара ништо за себе.
Оваа мајка и ќерка заслужуваат подобар дом, сигурно место каде ќе можат да живеат без страв кровот да им се сруши врз главата.
Принтскрин/ фејсбук
Видеото потресе многумина, а меѓу нив и Сека која го сподели истото со коментар дека ова девојче еден ден ќе биде горда на својот живот, но и на овие тешки денови што сека со својата мајка ги поминува тука.