Нема да ви се верува колку чини луксузната чанта, но и огрлицата со бисери од Шанел на Цеца (фото)
Познатата фолк-пејачка само за овие две работи потрошила неверојатна сума на пари
Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Цеца
Светлана Цеца Ражнатовиќ изгледаше неодоливо и минимум десетина години помладо, а овој пат тајната се крие во изборот на нејзината необична облека со која што блесна пред камерите.
Таа на снимањето на една од последните емисии во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во црни панталони и мрежеста блуска, а бидејќи истата беше од проѕирен материјал под неа се гледаше градникот.
И бидејќи ова нејзини издание предизвика големо внимание, на една Инстаграм страница е откриено и што носеше.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Станува збор за страницата StylebyCeca каде можевме да видиме дека оваа шик комбинација на Цеца чини преку 2000 евра.
Инстаграм/ StylebyCeca
И додека за мрежестата блуска издвоила 420 евра, нејзините високи потпетици беа дури и нешто поскапи, а најмногу потрошила за луксузната чанта од престижната модна куќа Ив Сен Лорен – 920 евра.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Потсетуваме, Цеца заблеска и неодамна на еден нејзин концерт кога се појави во црно од глава до пети.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Таа тогаш носеше елегантен дизајнерски фустан од 2000 евра, но и огрлица со бисери од Шанел која чини некаде исто толку.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Инаку, на овој концерт на Цеца, која пејачката се појави во ова издание, меѓу нејзините гости на сцената беше и Мики Секуловски.
Повеќе за ова прочитајте тука…