Еве како звучи Карлеуша кога во живо ќе ја запее најпатриотската и најубавата македонска песна
Многумина велат дека од овие стихови душманите на Македонија не можат мирно да спијат...
Јелена Карлеуша беше гостинка кај Стефан Лазаров, каде зборуваше на најразлични теми, а во еден момент и запеа.
И тоа не било која песна, туку една од најубавите македонски новокомпонирани песни, „Бисер балкански“.
Имено, Јелена на течен македонски и на фантастичен начин ги испеа едни од најубавите стихови напишани за нашата земја.
Оваа снимка веднаш стана вирална и сите се воодушевени, па следуваа бројни позитивни коментари за балканската поп-дива.
Потсетуваме, Бисер балкански е една од нашите најубави новокомпонирани песни која што беше во изведба на Гоце Николовски.
Песната за прв пат била испеана на Фолк фест Валандово во 1990 година и ја освоила првата награда
Текстот на песната е од Јован Павловски, а музиката на Халими Билбил, додека аранжманот е на Томислав Таневски.
Веднаш по самата изведба песната станува голем хит и за многу кратко време станува широко прифатена од целиот македонски народ.