Познатата скопјанка се пофали со преубава вест, сите и честитаат – не може да си ги собере емоциите
Беше водителка, па инфлуенсерка, а сега е и магистерка
Една од нашите најпознати инфлуенсерки Миа Костова (39) го одбрани својот магистерски труд и сега е магистер по маркетинг.
Миа среќна и горда се пофали со оваа вест на Инстаграм:
„Уште сум под импресии и не можам да си ги соберам емоциите. Некој да ме разбуди да ми каже дека не сонувам! Магистер по маркетинг е само уште еден остварен сон. Задоволството е мое што и овој пат учев од најдобрите! Благодарност до комисијата и мојата менторка кои несебично ми го пренесоа нивното знаење и беа дел од овој процес. @utms.skopje единствени сте! Се гледаме на промоција“, напиша Миа под фотографијата што ја сподели на Инстаграм.
Инстаграм/ Миа Костова
Со Миа на овој важен момент во нејзиниот живот беше и нејзиниот син Андрија со кого исто така сподели неколку фотографии.
Инстаграм/ Миа Костова
Потсетуваме, поранешната водителка со појавата на социјалните мрежи привлече големо внимание во јавноста и стана уште попопуларна.
Инстаграм/ Миа Костова
Миа на овој начин стекна голем број следбеници на социјалните мрежи, а со оваа бројка следува и титулата инфлуенсерка, иако Миа е многу повеќе од тоа.
Инстаграм/ Миа Костова
Миа сега е и магистер по маркетинг, а пред само неколку дена се пофали и дека станала амбасадор на Порше во Македонија.
Инстаграм/ Миа Костова
Таа е поприлично активна и на својот Фејсбук профил, а нејзините коментари секогаш предизвикуваат големо внимание.
Инстаграм/ Миа Костова
Инаку, познатата русокоса деновиве треба да го прослави и својот 40-ти роденден, а многумина за неа велат дека изгледа минимум десетина години помладо. Таа минатата година за својот роденден доби изненадување за кое тогаш пишуваа сите медиуми и кое што Миа нема никогаш да го заборави.
Повеќе за ова прочитајте тука…