Реклама
Наши ѕвезди

Еве со кои колеги Анета направи фешта овој викенд – фолкерката знае како да ги развесели гостите

Пејачката овој викенд го помина со полна пареа

Реклама

Музичарот Ѓоре Најдовски од Премиер бенд сподели неколку снимки од една веселба на која настапи заедно со Анета Љумакоска.

Познатата пејачка негува одличен однос со многу наши музичари, а тоа можевме да го видиме и од снимките што испливаа деновиве, а на кои настапува со екипата од Премиер бенд.

Станува збор за еден од попознатите бендови за веселби и свадби во Македонија, а задно со Анета направија забава за паметење.

Маркетинг

Инстаграм/ Ѓоре Премиер

Тоа може да се види и од бројните снимки што испливаа на социјалните мрежи на кои Ѓоре и Анета пеат заедно.

Маркетинг

Инстаграм/ Ѓоре Премиер

Пејачката покрај тоа што ги воодушеви сите со својот глас, и овој пат пријатно ги изненади сите и со својот стајлинг.

Како Анета изгледаше покрај својот колега, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Ѓоре Премиер

Инаку, Анета овој викенд настапуваше заедно и со својот колега Цаки Кисми и тоа на свадба кај нивен заеднички колега.

Инстаграм/ Ѓоре Премиер

Некои од овие снимки и самата пејачка ги сподели на својот профил на социјалните мрежи, покажувајќи како се забавува со своите колеги музичари со кои очигледно има и одлични пријателски односи. (Еден од највеселите моменти од свадбата на која Анета настапи овој викенд со своите колеги погледнете го тука)

Инстаграм/ Ѓоре Премиер

Потсетуваме, Анета долги години настапуваше со Молика, но по разводот од сопругот таа ја напушти групата.

Фејсбук/ Ѓоре Премиер

Пејачката тогаш ја започна својата соло кариера, а неодамна на социјалните мрежи ја најави и соработката со Дикапо бенд.

Фејсбук/ Дикапо бенд

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button