Една од нашите најубави дами од малите екрани сподели преубава вест – гордо блескаше покрај сопругот
Елена како Одри Хепберн во „Појадокот кај Тифани“
Елена важи за едно од омилените телевизиски лица во Македонија, а поприлично активна е и на социјалните мрежи
Водителката Елена Стојановска-Јанковска го прослави својот 44 роденден, па по тој повод направи прослава во еден ресторан.
Убавата водителка сподели неколку фотографии и снимки од прославата, а ја покажа и тортата што си ја доби како изненадување.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
И додека таа ги дуваше свеќичките во форма на бројот 44, нејзините пријатели со аплауз и го честитаа роденденот.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Елена за оваа посебна прилика избра црн тесен фустан со кој потсетуваше на Одри Хепберн од филмот Појадокот кај Тифани.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Во прашање е креација која што ја оцрта нејзината совршен линија, а во која Елена блескаше и не ја тргаше насмевката.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа сподели и една фотографија на која е со својот сопруг, а Елена беше пресреќна затоа што славеше со своите најблиски.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Елена како мама
Потсетуваме, Елена од бракот со нејзиниот сопруг Огнен ја има ќерката Илина која е центарот на нивниот свет.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа во една пригода специјално за Гламур откри како ја воспитува својата ќерка, откривајќи дека има свој медот.
„Се водам по свој метод. Се обидувам да бидам тука за неа, кога сака да ми се довери, ја сослушувам. Гледам да и олеснам иако сум свесна дека некои работи во животот ќе мора да ги осознава сосем сама. Сакам да е одличен ученик, но повеќе за да научи и да биде образувана отколку да ги има сите петки. Интернет групи не следам, книги не читам, сакам проблемите да ги решаваме со љубов“, ни откри Елена во една пригода.
Целото интервју со оваа прекрасна дама прочитајте го тука...