Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Ребека ужива кога е со своите синови – ова се НАЈУБАВИТЕ МОМЕНТИ што нема да ги заборави

Пејачката се врати во Македонија...

Реклама

Пејачката е поприлично активна на социјалните мрежи

Нашата позната пејачка Ребека Јанковска-Ристески задно со своите синови Макариј и Доротеј се врати од Нов Зеланд.

Таа заедно со близнаците беше на гости кај својата сестра Хелена Роза која се пресели во Нов Зеланд пред десетина години.

Маркетинг

И додека беше во оваа далечна земја, Ребека често споделуваше најразлични моменти, а таму го прослави и роденденот на близнаците.

Маркетинг
Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Но пејачката сега се врати во Македонија, а на социјалните мрежи сподели колаж од фотографии од патувањето со авион.

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

На снимката се и близнаците, а Ребека напомена дека доживеале незаборавни искуства и по цели 32 часа патување се вратиле дома.

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Потсетуваме, Ребека важи за една од нашите најдобри и најуспешни поп-пејачки, а многу нејзини песни се уште се вртат на радиостаниците.

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Таа во 2006 година се омажи за докторот Мики Ристески, а покрај близнаците круна на нивната љубов е и синот Маркијан.

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Маркијан е нивно прво дете и тој наскоро ќе го прослави својот 18-ти роденден, впрочем како и секоја година досега.

Имено, од објавите на Ребека и во минатото можевме да видиме како тие го поминуваат овој посебен ден за семејството.

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Па така и минатата година роденденот на Маркијан привлече големо внимание на социјалните мрежи, посебно откако неговата мајка јавно му се заблагодари и го пофали класниот раководител на нејзиниот син од специјалното училиште Св. Наум Охридски кого го нарече „личност што внесува сонце во животот на нејзиниот син, но и во животот на сите останати деца со попреченост“.

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

И тогаш наставникот Александар сите ги изненадил со прекрасно подготвената храна за славеникот, но и со тортата што сам ја изработил.

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

„Во животот на Маркијан малкумина, всушност беа само 3, 4 луѓе (едукатори) кои можам да ги одвојам како човечки суштества кои сакаа да внесат сонце, радост и без тоа ние да го побараме од нив. Ви се поклонувам на сите, а денес мојот пост го посветувам на Aлександар“ напиша тогаш Ребека.

Имено, Маркијан во ова училиште учи за помошник готвач, а на неговиот класен раководител ова не му беше прв пат да ја воодушеви Ребека.

Повеќе фотографии од овој незаборавен ден за семејството на познатата пејачка и активистка погледнете во продолжение…

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button