Новата песна на Влатко Лозано веќе е голем хит во МАКЕДОНИЈА, но и меѓу нашите иселеници
Бројот на прегледи на новата песна расте со неверојатна брзина и веднаш се најде на трендинг листите
Новата песна на Лозано веќе е хит
Влатко Лозано е најслушаниот македонски музичар според Здружението на авторски музички права, а неколку негови песни се меѓу првите Топ 10 најслушани песни во 2023 година.
Имено, дури четири негови песни се меѓу најслушаните за минатата година, а голем хит ќе биде и неговата најнова песна.
Влатко деновиве го објави спотот за песната „Жолто-црвено“, која веќе брои десетици илјади прегледи на јутјуб.
Инстаграм/ Влатко Лозано
Песната ја воодушеви македонските слушатели, а Лозано со неа покажува дека не само што потполно заслужено е на врвот, туку дека и следната година најверојатно ќе биде еден од најслушаните македонски музичари на нашите радио станици.
И како што вели самиот Влатко, песната е инспирирана од еден нашинец кој живее во странство, а кој случајно го сретнал.
Инстаграм/ Влатко Лозано
Оваа туѓина на мир не ме остава, во душа само празнина ми отвара…
Инспириран од тој краток разговор Влатко во соработка со авторите Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска-Ена ја создаваат песната, а главен „виновник“ за спотот е режисерот Даниел Јовески.
Како звучи новото ремек-дело на Лозано, слушнете во продолжение: