CelebrityИнтервју

Кога Бог сака, работите си доаѓаат на свое место – искрено за мајчинството со Татијана Стефановска

„Да се биде мајка е најтешката, но и најубавата работа на светот“ вели Татијана во интервјуто за Гламур

Реклама
Реклама

Гламур интервју со Татјана Стефановска

Татјана Стефановска е 17 години дел од македонската фолк сцена. Таа е една од најубавите, најзгодните пеачки кај нас и прекрасен вокал. Има снимено многу песни, добиено многу награди и сосема заслужено е на високо место на нашата фолк сцена.

„Започнав сосема случајно, со еден настап на Фолк Фест Валандово, не планирајќи да продолжам со оваа работа. Тоа беше само еден мерак да речам. Меѓутоа ,после тој настап, имав огромна поддршка од другите музичари, автори, кои ми велеа дека треба да се занимавам со оваа работа и не згрешив“ открива Тања за Гламур. Таа веќе три години е и мајка на малата Ана која што ја роди на повозрасни години. Со неа поразговаравме и на оваа тема, но и за многу други работи кои може да ги дознаете од интервјуто во продолжение….

Маркетинг

Повеќе од 15 години сте на фолк сцената, како започна Вашата музичка приказна?

На сцената сум 17години…започнав сосема случајно, со еден настап на Фолк Фест Валандово, не планирајќи да продолжам со оваа работа. тоа беше само еден мерак да речам😄 Меѓутоа ,после тој настап, имав огромна поддршка од другите музичари, автори, на тој фестивал, далеку, далеку поискусни, сугерирајќи ми дека јас добро го одработив своето на фестивалот и дека  треба да се занимавам со оваа работа. И што да речам-не згрешив и ги послушав☺️

Маркетинг

За овие години имате снимено многу песни, настапи на фестивали. Дали сте задоволни од оваа дистанца и дали нешто би промениле кога би можеле ?

Ништо не би променила. Многу напорно работев, многу настапував, многу снимав, многу се давав. Уште на почетокот снимив албум, имав многу понуди за турнеи кои се случија – Америка, Австралија, Европа, Канада.. почетоците ми беа бурни и успешни.

Што недостасува за македонските музички уметници да имаат поголем успех и поголем бенефит од она што го работат?

Дефинитивно,добра продукција .Но не само некоја привремена, туку некоја стабилна, што ќе трае, што ќе не штити и поткрепува и бодри со сите сили. Ќе ги штити и нашите права. Да имаме запишан стаж , некаде, од тоа што сме го работеле и сме се жртвувале.

Луѓето мислат дека нашата професија е многу лесна, дека сме секогаш насмеани и дотерани и дека тоа е многу лесно, но не е така. Си имаме ние многу недостатоци, но се бориме.

Колку знаете меѓусебно да се поддржувате и колку се почитувате меѓу себе фолк пејачите или постои одредена дистанца? И со кого Вие сте блиски од колегите и се дружите ли приватно?

Ние фолкерите многу се почитуваме и се поддржуваме. Имаме многу заеднички настапи, дружења, снимање емисии, дружење и после снимањата. После напорни сезони, настапи ,многу често се случува да се договараме заедно да одиме на некое снимање и да се подружиме барем таму. Сите сме од различни краеви на Македонија и е тешко да се собереме, но кога ќе се сретнеме, тоа е лудо и незаборавно😁

Повеќе од една деценија сте во брак со Митко кој е музичар. Колку е битно да брачниот партнер е од иста бранша за да има повеќе разбирање за професијата која според мене е нешто преубаво но сепак носи одредени жртви за да се има континуитет и успех?

Убаво е брачниот партнер да е од иста бранша, но побитно е тој да е човек. Знам многу музичари, брачни парови, кои иако работат заедно, не се сложуваат многу. Мислам е подобро да не сме заедно на сите настапи. Дома заедно, на работа заедно тоа не. Сепак треба некоја слобода да има човек и на крајот на денот да посакам да си одам кај саканиот дома. Тој момент е многу убав. Едноставно, да не си здосадиме 😁Митко е мојата најголема поддршка, но и најголемиот критичар. Некогаш знам и да се намуртам од неговата критика, но потоа ќе сфатам дека е во право. Сепак, со поголемо искуство е и му верувам.

Со што ве освои Митко, во што сте слични а во што се разликувате? И што, според Вас, е она што е најпотребно еден брак да биде успешен и да трае?

Повеќе пати имам кажувано во интервјуа, дека на почетокот, не го поднесував воопшто. Се ме нервираше кај него😁Но подоцна увидов дека покрај физичкиот изглед, покрај тоа што е многу квалитетен музичар. тој има многу квалитети. Има душа колку за 10луѓе.Скромноста е наша заедничка особина, особина на која ѝ давам најмногу значење ,кај сите луѓе што ги запознавам,генерално.

За успешен брак е потребно многу трпение(што не секогаш го имаме),разбирање, поддршка и секако љубовта која стои позади сето тоа 🥰

Пред 3 години се остваривте и во најважната улога во животот – станавте мајка на прекрасна ќеркичка Ана. Што значи за Вас оваа улога и колку Ви се смени животот?

Даа, станав мајка пред 3 години и животот ми доби друга насока. Сега имам поинакви гледишта на работите. Да се биде мајка е најтешката, но и најубавата работа на светот. За најубавата, знаев дека ќе е така, но за најтешката  работа, не знаев:)) Многу тешки ситуации поминав за да станам мајка, но ниеднаш не се пожалив и ниту еднаш не бев гневна. Работите си доаѓаат кога Бог сака и ние не можеме да го смениме тоа. Сѐ вредеше, за сега да ја имаме Ана🥰

Каква мајка е Тања, дали сте премногу грижливи и како ја воспитувате со Митко?

Јас сум и премногу грижлива мајка. Не ја сакам таа особина кај мене, но, тоа е што е. Можеби е така, затоа што, тешко стигнав до дете, можеби тоа што на 42 ја родив Ана.. не многу млада. Сепак повозрасна жена е посвесна за работите и опасностите кои можат да се случат, па затоа сум и повеќе претпазлива и повеќе паничам од многу други мајки.

Ја воспитуваме Ана, пред сѐ да биде добро дете, да биде скромна, да искажува љубов, да дели со другите дечиња. Неодамна почна да оди во градинка и многу ми е мило за тоа. Сакам да учи уште  повеќе, заедно со останатите дечиња.

Како се грижите за својот изглед и Вашата убавина, имате ли некои посебни ритуали или навики?

Искрено, многу малку правам. И сепак задоволна сум, со оглед на тоа како се хранам. Вежбам повремено. Не одам со некој голем мерак на тренинг, но сепак, колку-толку ,подобро малку, отколку-ич😁Имам поголема килажа од порано, пред да станам мајка, но никогаш тоа не ми засметало до толку за да преземам некои драстични мерки. Припазувам кога ќе видам дека бројката на вагата почнува да расте 😁Среќна сум и тоа ми е многу поважно. Сепак, не дозволувам да претерам.

Што Ве нервира а што Ве прави среќна во секојдневието?

Ме нервира нескромност, измама, безредие во нештата…..а среќна ме прави Ана, семејството, животните… Тоа, колку не ги сакам овие работи, јас и веднаш го искажувам. Неможам да преќутам работи и сум многу директна ,но искрена личност. Знам и дека токму заради таа особина, многу луѓе не ме поднесуваат, но така е и подобро. Така, сами се селектираат пријателите околу мене.

Што Ве релаксира од обврските, имате ли навика да читате книги, некој омилен автор?

Искрено,не сум многу по читањето книги, но сум голем обожавател на странски филмови и серии. Многу пребирам што ќе гледам. Драма и трилер ми се омилените жанрови. Значи,се релаксирам со некоја добра серија, после обврските со Ана, откако ќе заспие. Тоа е време за мене:)

Дали Тања ужива да готви и што е тоа што е Ваш специјалитет?

Па искрено, кога-како. Зависи колку време имам. Сакам и да зготвам за домашните ,но знам да купам и готова храна. Никој не се пожалил😁 Повеќе се готви пилешко месо со ориз и салата (тоа го сака и мојот сопруг, затоа што активно спортува), но сакаме и по некоја манџичка, грав обавезно…

Кога би можеле да очекуваме нешто ново од Вас?

За брзо ќе излезат две мои песни, кои ќе бидат дел од Фестивалите Прилеп фолк Фест и Роса (1 ноември 2024 и 26 ноември 2024)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button