Реклама
Наши ѕвезди

Хелена се топи во прегратките на својот сакан сопруг – позираат со насмевки, уживаат за сите пари

Иако живеат далеку од Македонија, тие на овој начин комуницираат секојдневно со нивните пријатели и фанови.

Реклама

Нашата поранешна водителка и сестра на пејачката Ребека, Хелена Роза, пред неколку недели наполни 47 години.

Фотографиите од прославата на роденденот во нејзиниот дом во Оукленд, Нов Зеланд, тогаш пријатно ги изненадија нејзините следбеници на социјалните мрежи, посебно што на прославата беа присутни и нејзината сестра Ребека, со нивната мајка Роза и синовите Макариј и Доротеј.

Хелена која речиси веќе десет години живее во Нов Зеланд каде што се пресели заедно со семејството, на овој начин комуницира со своите пријатели од Македонија, но и со фановите од нашата земја.

Маркетинг

Инстаграм/ Хелена Роза

И благодарение на социјалните мрежи таа често е присутна и во нашите портали, а сега сите ги изненади и со една постара фотографија.

Маркетинг

Имено, Хелена сподели фотографија направена пред десетина години, а на која е во прегратка на својот сакан сопруг.

Инстаграм/ Хелена Роза

На фотографијата е со потемна коса, а истата ја сподели и нејзиниот сакан со кого Хелена се пресели во Нов Зеланд.

Но она што сите го забележаа е дека Хелена и пред десет години и сега е вистинска убавица и дека не се променила многу од тогаш.

Инстаграм/ Хелена Роза

Таа и денес во својата петта деценија плени, па за неа слободно може да кажеме и дека е една од оние жени што се како виното.

Инстаграм/ Хелена Роза

Се уште е згодна и убава, но очигледно и поприлично вљубена во својот партнер со кого го доби синот Тиан.

Инстаграм/ Хелена Роза

Потсетуваме, Хелена која порано беше една од најпознатите дами на нашите мали екрани, оваа година прослави 15 години брак со поранешниот македонски фудбалер Игор Ѓоргиевски.

Инстаграм/ Хелена Роза

Од овие нивни заеднички фотографии може да видиме дека нивната љубов блеска како и првиот ден, но и дека и двајцата се топат во заедничките моменти како вљубени тинејџери.

Инстаграм/ Хелена Роза

Инстаграм/ Хелена Роза

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button