Македонскиот водител побара помош: Жената му позелене – се запрепасти од глетката
Познатиот водител се изненади кога ја си ја виде сопругата.
Димитар јавно побара помош и „чаре“ за неговиот „проблем“.
Водителот Димитар Атанасовски и неговата сопруга, пејачката Сара Мејс се едни од малкуте парови од македонската јавна сцена, кои одлично се снаоѓаат и во инфлуенсерските води.
ФОТО: Инстаграм / Димитар Атанасовски
Димитар и Сара буквално секојдневно споделуваат снимки и фотографии поврзани со нивната работа, но и семејните моменти, на Инстаграм.
Тие се вистински пример за сплотеност и хармонија во едно семејство.
ФОТО: Инстаграм / Димитар Атанасовски
Двајцата се надополнуваат и подеднакво се ангажирани и со домашните обврски и со чувањето на децата.
Освен што е пејачка, Сара е и харфистка.
Таа е една од нјдобрите и постојано има настапи и како харфистка.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
Токму затоа потребно е постојано да вежба, а сега покжа дека умее да ги спои корисното и убавото.
Додека е дома и ужива во рутините за убавина, Сара може и да вежба и да се подготвува за настап.
Но, нејзиниот сопруг одлучи да ја искористи приликата да ја фотографира додека на себе има зелена маска за лице, па и да се пошегува на социјалните мрежи.