Овој необичен рецепт за пудинг од леб е совршен за вечера и ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Лесно се прави, лесен и вкусен.
Потребно ви е:
Маркетинг
500 грама бајат леб
4 јајца
Маркетинг
0,5 литри млеко
200 грама шеќер
2 кесички ванилин шеќер
100 грама суво грозје
половина лажичка цимет
70 грама маргарин
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Подготовка:
Лебот исечкајте го на кришки или коцки и наредете ги во огноотпорен сад. Јајцата изматете ги со шеќер и ванилин-шеќер, па додадете ги циметот, сувото грозје и млекото.
Со оваа течност прелијте го лебот и ставете го во фрижидер неколку часа.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Потоа одозгора ставете парчиња маргарин и печете околу 25 минути на 200 степени додека пудингот не порумени.
Eве еден начин како може да го подготвите овој пудинг:
https://youtube.com/shorts/Wt5vfBjP2dQ?si=Hjb2mnn0ysfldt8y
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .