Веќе 9 години живее во Нов Зеланд – македонската водителка конечно доби државјанство
Познатата македонска водителка конечно доби државјанство од Нов Зеланд.
Хелена се пофали на Инстаграм дека сега веќе има 2 дома.
Некогашната водителка Хелена Роза беше една од најпопуларните водителки на почетокот на 2000-тите.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
Нејзината емисија „Во кревет со Хелена“ беше вистинско освежување за публиката и во тоа време кршеше табуа.
И денес се зборува за таа емисија иако Хелена со децении веќе не е дел од малите екрани.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
Иако овде живееше одлично, сепак заедно со сопругот и ќерката одлучи да се преели во Нов Зеланд, каде го роди своето второ дете, синот Тиан.
И понатаму е активна на Инстаграм, каде публиката може да види како живее и што прави.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
Од фотографиите и објавите може да се заклучи дека Хелена е посреќна од било кога и целосно се има вклопено на тамошниот начин на живот.
Почетокот не им бил лесен, но денес уживаат.
Поминаа 9 години од нивната преселба во Нов Зеланд, а Хелена дури сега доби државјанство.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
Ова беше посебен ден за неа, па таа го овековечи со фотогрфии кои ги сподели на Инстаграм.
„Официјално имам двa домa“, напиша таа во опис на фотографиите од доделувањата на државјанствата.
Прослави заедно со нејзината сестр, пејачката Ребека, која веќе некое време е кај неа на гости.