Реклама
Новости

Цеца во проѕирен горен дел, ги изненади сите – горат социјалните мрежи, а пејачката мува не ја лази

Многумина изненадени и од информациите што испливаа во врска со хонорарот што го добива Цеца

Реклама

Цеца во уште едно неодоливо издание

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека започна снимањето на новите емисии на популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Пејачите од Македонија што во изминативе неколку сезони учествуваа во ова шоу и кои беа финалисти денес веќе сериозно ја градат својата музичка кариера, а еден од нив е и шармантниот Мики Секуловски кој со својот талент никого не остави рамнодушен.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ, како и Мелиса Зијадиќ која исто така беше финалистка и освои високо место во претходната сезона, па сега оние што го следат ова шоу од Македонија со нетрпение очекуваат да ги видат новите кандидати што ќе ги има Цеца во својата екипа, како и дали некој од нив ќе биде од нашата земја.

Маркетинг

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Но покрај Цеца и останатите членови на жирито имаат симпатии кон нашите кандидати, посебно Ѓорѓе Давид, кој и беше ментор на Славица Ангелова, минатогодишната победничка во ова шоу.

Како и да е, шоуто наскоро започнува со новите емисии, а деновиве во центарот на вниманието повторно е Цеца Ражнатовиќ.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Имено, таа на последното снимање се појави во издание со кое буквално го украде вниманието и ги воодушеви сите.

Пејачката за оваа пригода носеше проѕирна блуска со панталони со цветен дезен , темни очила и мала чанта од Шанел.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Под потполно проѕирната блуза се гледаше црниот градник на Цеца, така што во центарот н вниманието беше нејзиното раскошно деколте.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Потсетуваме, Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ ќе ја гледаме до 2027 година, додека трае договорот што го има потпишано со продукцијата.

Според овој договор Цеца требаше да добие по 200.000 евра од сезона, што значи повеќе од половина милион евра вкупно, но како што пренесува српскиот Телеграф, хонорарот може да и биде и зголемен заради гледаноста што ја постигна шоуто.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Според овие информации, Цеца само како хонорар од „Ѕвездите на Гранд“ би можела да заработи речиси милион евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button