Реклама
Наши ѕвезди

Кате од „Нели ти реков“ си доби нов зет – веднаш сподели фотографија од запросувањето и прстенот

Голема прослава во домот на познатата пејачка

Реклама

Преубава вест…

Катерина Танева Ѓорѓиев во јавноста позната и како Кате „Нели ти реков“ заради групата со која настапуваше долги години, се пофали со една преубава вест на својот профил на социјалните мрежи.

Нејзината наследничка Ларита која многу наликува на својата мајка се сврши, па гордата мама се пофали дека има зет.

Маркетинг

Оваа вест очигледно најмногу ја израдува Катерина, па таа не можеше да ги сокрие емоциите и се огласи на Фејсбук.

Маркетинг

„Си добивме зет. Бидете ми среќни и долговечни деца мои“, напиша познатата пејачка под фотографијата.

Станува збор за фотографија што ја споделија нејзината ќерка Ларита и нејзиниот свршеник Горан Ризов.

Потсетуваме, Кате покрај ќерката Ларита го има и синот Марко, кои како и сопругот не се експонираат премногу во јавноста.

Нејзината кариера трае повее од три децении, а неодамна ги изненади сите со дуетот со Иван Штивиќ од Хрватска со песната „Моја сестро“.

Пејачката во една пригода за Гламур магазин откри дека и нејзините деца пеат убаво, но не пројвиле интерес за јавен настап.

„И ќерката и синот преубаво пеат. Си пеат по дома, а јас уживам во нивното пеење“, изјави тогаш познатата пејачка.

Целото интервју со Катерина прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button