Неколку месеци по разводот започна нова врска – малкумина го знаат овој детаљ за Тамара и Лука
Еве колкава е разликата во годините помеѓу пејачката Тамара Тодевска и нејзиното момче
Тамара Тодевска и младиот архитект Лука Радовиќ некаде пред почетокот на летото прославија една година врска.
Тамара Тодевска важи за една од најпознатите и најуспешните пејачки која веќе долги години е присутна на нашата музичка сцена.
Таа со музика започнува да се занимава од најмала возраст, а својот прв настап го има на шестгодишна возраст и тоа на престижниот фестивал Макфест кога настапува заедно со пејачките Маријана и Росана.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Неколку години подоцна заедно со својата сестра Тијана Дапчевиќ го освојуваат второто место на „Скопскиот фестивал“ со песната „Луда игра“.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тоа се случува во 1997 година, кога Тамара има само 12 години.
Пејачката својата соло кариера ја започнува во 2001 година, на свои 16 години, со песната „Дали знам“, а веќе следната година на „Сунчане скале“ во Херцег Нови со истата песна го освојува третото место.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Потоа нејзината популарност станува сé поголема, а за бројни нејзини успеси од ова време се уште се зборува.
Тамара во 2015 година се мажи за поранешниот македонски кошаркар и репрезентативец Александар Димитровски.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Пејачката од овој брак во 2016 година ќе ја добие ќерката Хана, а по две години и синот Дарен. Тамара и Александар тогаш важеа за еден од најскладните парови меѓу нашите познати личности, но само по неколку години сé се смени.
Имено, во 2022 година како бомба одекна веста во јавноста кога пејачката откри дека се разделува од својот сопруг.
Оваа вест се појави само по неколку недели откако тие прославија седум години брак, па многумина беа и „шокирани“ од неа.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Пејачката тогаш не сакаше да открива повеќе детали за разводот, па за медиумите само ја потврди веста и откри дека со поранешниот сопруг остануваат во добри и коректни односи, најмногу заради децата.
Неколку месеци подоцна Тамара запловува во нова љубовна авантура, овој пат со скопскиот архитект Лука Радовиќ.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тие оваа година во мај прославија една година врска, кога и двајцата споделија емотивни моменти на нивните профили.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Од нивните заеднички објави може да се види колку и двајцата уживаат во секој момент што го поминуваат заедно, а малкумина знаат колкава е разликата во годините помеѓу нив двајцата.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Имено, Тамара Тодевска е родена на 1 јуни 1985 година и следната година ќе наполни 40 години, додека нејзиното момче Лука Радовиќ во февруари ќе го прослави својот 32 роденден.