Реклама
Наши ѕвезди

Тони запрепастен од она што го слушна за него и неговата сопруга – голема злоба што сите ги шокираше

Познатиот актер распали на социјалните мрежи, неговата колешка ги премина сите граници

Реклама

Познатиот македонски актер Тони Михајловски ги изненади сите со неговата последна објава на социјалните мрежи.

Тој јавно на својот профил на Фејсбук зборуваше за една негова колешка, но идентитетот не сакаше да го открие.

Видно револтиран од она што го слушнал за неа, тој објави порака со која ги шокираше неговите верни фанови.

Маркетинг

Фејсбук/ Тони Михајловски

Како што откри во пораката, станува збор за некој што цело време го клеветел кај поранешната министерка Бисера (најверојатно екс-министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска)

Маркетинг

Не можев да поверувам дека баш Ти ме пријави кај министерката Бисера заради актерското школо. Дека баш Ти ќе се почувствуваш загрозена од мојата работа, пишува Михајловски во своето обраќање.

Фејсбук/ Тони Михајловски

Тој потоа додаде дека истата личност кажувала секакви гадости за него и Алек, дека ги терала децата да им се закануваат на други деца кои биле запишани во неговото училиште, па дури и дека неговата жена наводно го измислила канцерот за да добие внимание од јавноста.

„Не можев или не сакав. Давав шанса да престанеш затоа што не се знаеме од вчера и многу имаме поминато и на сцената и надвор од неа“ напиша Тони, па го додаде и следново:

„Но ти не престануваш. Продолжуваш со гадостите и злобата. Очигледно ме имаш прогласено за трн во окото твое. Не знам зошто. Не знам“.

Фејсбук/ Тони Михајловски

„Само да знаеш кармата не заборава адреса. Ниту јас, вели Тони во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button