Мики славеше роденден, доби преубава порака од Цеца Ражнатовиќ – пејачот никогаш посреќен (фото)
Пејачот емотивен, ова беше посебен ден за него
Пејачот Мики Секуловски кој со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ се прослави во регионот, го прослави својот роденден.
Пејачот на својот Инстаграм се пофали со тортата што ја доби како подарок, а ги сподели и честитките од колегите и пријателите.
Имено, бројни млади колеги и колешки кои Секуловски ги запозна додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ споделија заеднички фотографии и со порака му го честитаа роденденот, а меѓу првите што тоа го направи беше и Цеца Ражнатовиќ.
Инстаграм/ Мики Секуловски
И бидејќи ова беше посебен ден за него, пејачот објави и неколку фотографии на својот Инстаграм профил со кои го покажа изненадувањето што го доби во вид на торта со неговото име и на која имаше нацртано ноти.
Мики за оваа пригода беше облечен во црна маичка, црно сако и тесни фармерки, а насмевката цела вечер не ја тргаше од лицето.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики се натпреваруваше во претходната сезона од „Ѕвездите на Гранд“ каде што ги освои второто место.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тој беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ која и по завршувањето на шоуто го покани на неколку свои настапи.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Еден од нив беше и концертот на Цеца во Битола каде тие заедно изведоа една позната песна на пејачката која ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Како Мики изгледаше и во ова свое издание, кога со својата менторка направи лом во еден клуб во Битола, погледнете во продолжение…
Повеќе за овој настап на Мики прочитајте тука…