Пред 11 години Ребека роди близнаци, а сега соопшти прекрасна вест – на нејзината објава се редат честитки
Прекрасна причина за славење во домот на нашата позната пејачка.
Ребека преплавена од честитки на социјалните мрежи.
Ребека Јанковска Ристески со популарност се стекна кон крајот на 90-тите, а денес може да се пофали со многу хитови и успешни концерти и настапи.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Извесен период целосно се повлече од јавната сцена и музичката кариера ја стави на пауза.
Но, за тоа Ребека има одлична причина.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Пејачката стана мајка и целосно се посвети на семејството и предизвиците кои ѝ ги донесе животот.
Повеќе од 2 децении е заедно со сопругот Милан Ристески, кој е доктор по професија.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
Плод на нивната љубов се нивните три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година.
На 19 септеври годинава близнаците наполнија 11 години, па по тој повод гордата мајка објави нивни фотографии од семејната архива, кои никој досега ги нема видено.
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески
„Вашата среќа е и моја среќа. Слава на Бога што ве имам. Среќен Роденден“, напиша Ребека, која некое време заедно со близнаците е во Нов Зеланд, на гости кај својата сестра Хелена.