Ни доаѓа ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК: Жените ова никако не смеат да го прават во сабота
Православните христијани и МПЦ во сабота ќе празнуваат голем и еден од најубавите празници, Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат празникот како Мала Богородица.
Во сите храмови на Македонската православна црква утрото ќе се одржуваат литургии.
Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица.
Таа е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.
Меѓу народот овој празник се слави и со различни обичаи, посебно посветени на раѓањето.
Се верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.
Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца.
Жените на овој ден не треба да работат никакви домашни работи и денот треба да го поминат во молитва.
Многу семејства овој празник го слават како домашна слава.