Исплива невидена фотографија од минатото на Благица Павловска – нема да ја познаете во ова издание
Пејачката во непрепознатливо издание
Благица Хаџи-Павловска (66) или само Благица Павловска веќе со децении важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки.
Таа денес живее и работи во Скопје, а својата кариера ја започна во осумдесеттите години на минатиот век.
Пејачката зад себе има голем број хитови, а нејзиниот прв албум „Не можам да те заборавам“ е издаден во далечната 1993 година.
Фејсбук/ Благица Павловска
Таа отсекогаш привлекувала внимание со својот изглед, а во младоста важеше за една од најпосакуваните фолк-пејачки и тоа не само во Македонија, туку и во цела поранешна Југославија.
Кога се појави на нашата музичка сцена со својата убавина и раскошен глас го привлече вниманието на публиката и за брзо време стана една од омилените пејачки на народна музика кај нас.
Фејсбук/ Благица Павловска
Таа привлекуваше внимание и со својот бурен љубовен живот, а покрај својата соло кариера настапуваше и со колешките Андријана Алачки, Бади Бекир и Росана Тодоровска како „Четири грации“.
Фејсбук/ Благица Павловска
Благица денес важи за наша естрадна дива, а неодамна исплива една стара фотографија од почетокот на нејзината кариера.
Фејсбук/ Благица Павловска
Имено, фотографијата беше објавена на Фејсбук страницата Стари скопјани, со напомена дека е направена во 1987 година.
Фејсбук/ Благица Павловска
Па, како Благица изгледаше на почетокот од својата кариера, пред речиси цели четири децении, погледнете тука…