Интервју

НЕ МИ ТРЕБА ПОМОШ ОД МАЖ, СЕ ШТО ИМАМ ЗАРАБОТИВ САМА – искрен мубет со Ирена Спасовска

Откријте неколку работи што не сте ги знаеле за нашата позната пејачка

Реклама
Реклама

Ирена Спасовска е 30 години дел од музичката фолк сцена. Има испеано многу песни добиено многу награди, настапувано на многу фестивали. Најново од Ирена е настапот на  „Охрид фест-Охридски трубадури“ со песната  „Горат шумите на Македонија“ , за која вели дека била нспирирана  од немилите случувања со пожарите во нашата земја кои се случуваат секоја година, и воедно песната е порака повеќе да се грижиме за нив. За себе вели дека е воркохолик, но и дека ужива да ја работи работата што ја сака. Што уште ни откри нашата позната фолк-пејачка, прочитајте во продолжение….

Приватна архива

30 години сте дел од музичката сцена, започнавте заедно со Андријана Алачки а потоа секоја си тргна по својот пат, какви спомени Ви буди тоа време и колку е поразлично сега се на естрадата?

Многу е поразлично, тогаш имаше ред и се знаеше кој може да пее и да се појавува на ТВ. Сега немаа официјални аудиции и секој сака да пее и ако има пари да одвои за песна ќе сними.

Маркетинг

Кои се предностите а кои недостатоците за да се опстои на естрадата ако споредиме со пред 20 години како беше?

Предностите се тоа што тогаш ако си квалитетен вокал веднаш ти нудат песни и настап на фестивал и да ви кажам јас сум пресреќна што сум во тоа време родена каде што се имаше почит за она што го работев. Безброј награди и признанија.

Маркетинг

Веќе долго време сте самохрана мајка, како е денес да си самохран родител и како успевате да опстоите, се живее ли од музика и настапи?

Јас живеам од музика и не се жалам. Во мојата кариера многу работев и работам и задоволна сум. Заработив и вложив каде што мислам дека треба. Денес да решам да не пеам можам до крајот на животот да уживам од плодовите на мојата работа, но пењето е страст и ќе пеам додека ме држи гласот.

Приватна архива

Јас сум воркохолик и сакам да работам бидејќи си ја сакам работата. Ниту сум имала ниту сум сакала помош од маж туку се што имам го заработив сама.

Имате прекрасна ќерка која многу наликува на Вас, каков е Вашиот однос и колку Ирена е горда мајка на се она што е денес Вашата ќерка?

Јас сум горда мајка на Тамара која е апсолвент и мојата ќерка ми е вистинска другарка. Јас сум тука да  и давам ветер во грб и тука ќе бидам до крајот на мојот живот.

Што Ве прави среќни и спокојни?

Среќна ме прави грижата околу уличните кучиња и мачиња. Не сум среќна што се на улица но колку можеме ги храниме со керка ми и им наоѓаме домови.

Приватна архива

Денес е тренд да имате некоја корекција на лицето, како филери ботокс, Вие не криете дека сте го направиле тоа, која беше причината и дали сметате дека женскиот пол од Вашата фела треба да го применува ова за да ја одржувате убавината и свежината на Вашиот изглед?

Не само во нашата професија туку  сега младите девојки иако немаат јавна професија ставаат филери, усти, ботокси уште од 25 год. Луѓето имаат предрасуди за тој тип на разубавување а и јас не сакам ако е претерано но ако е умерено зошто да не?!

Демек природно било подобро. Е па многу што имаат крив нос, клемпави уши а ги прават нели и тоа не е природно ? Замисли природно е да падне четворка заб и заради што е природно човек да оди штрбав, на што ќе личи тоа?? Или ќе стави и ќе биде во ред. Така и со другите корекции.  Зошто се бричат мажите, нели е природно да имаат долга брада, ама ја бричат и повеќето немаат !

Така и со другите корекции. Штом постојат како услуга значи во ред е.

Приватна архива

Што ве иритира најмногу во секојдневието, што знае најмногу да Ве извади од кожа?

Најмногу ме иритира непрофесионалност и неодговорност. Ме иритира не давање на неповратна информација во било која сфера, несериозност, не сакам кога нешто лебди во воздух , злоба и не емпатичност кон животните.

Најново од Вас е настапот на  „Охрид фест-Охридски трубадури“ со песната  „Горат шумите на Македонија“ , да ни кажете кој беше вклучен во реализација на песната?

Новата песна „Горат шумите на Македонија“ е моја музика и текст а аранжман на Цане Петров. Инспирирана бев од немилите случувања со пожарите во нашата земја кој се случуваат секоја година. Силна порака дека треба да ги чуваме шумите бидејќи тие се белите дробови на животот.

Која е Вашата порака до новите лица кои се појавуваат на естрадата која е тајната за успех?

Нема успех без голема страст и верба во тоа што се работи. Не само за оваа професија туку за секоја.  Да не се бега и ескивира од работа. Секогаш да се даде и малку повеќе од дадените задачи.  Тоа некој ќе го примети, и успехот ќе биде загарантиран.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button