Прво огласување на Тошиќ по разводот од Карлеуша – поранешниот сопруг со порака за пејачката
Еве што напиша Душко Тошиќ на Инстаграм
Веста дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ дефинитивно решиле да стават точка на нивниот брак се најде во центарот на вниманието.
Откако најпрво се огласи Карлеуша и на својот Инстаграм профил откри дека го потпишала документот за развод, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг и поранешен фудбалер, Душко Тошиќ.
„По 16 години брак со меѓусебна спогодба се разведов од мајката на моите деца Јелена. Договорот е составен обострано и на задоволство на сите, а најмногу се однесува на иднината на нашите деца што нам ни е најважно. Сиот наш заеднички имот се договоривме да им припадне на ќерките Ника и Атина. Исто така секоја обврска на мене како татко и машка фигура се подразбира“ вели Душко.
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
„На мене најважна ставка ми беше да можам да минувам време со нашите деца кога ќе посакам и кога и да сме во можност“, напиша Душко.
Инстаграм/ Душко Тошиќ
Поранешниот фудбалер исто така се осврна и на актуелниот однос со Карлеуша кој многу често е и во центарот на вниманието на јавноста, па истакна дека е нормално тоа што помеѓу него и Јелена во процесот на развод понекогаш се случувале недоразбирања, но и дека се надева дека еден ден тоа ќе престане. Како што напиша, тој смета дека Јелена Карлеуша е добра мајка и добар пријател и дека би сакал да остане пријател со неа и да има добар однос заради децата.
„На Јелена и посакувам сé најдобро и секогаш ќе бидам тука за мајката на своите деца како и за своите деца. Сите грди работи треба да останат зад нас и единствено нашите деца да бидат во центарот на нашиот свет како што и се“, нагласи поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша на својот профил на Инстаграм.
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Инаку, претходно се огласи и Каруеша, која во своето обраќање исто така истакна дека нивниот заеднички имот го наследуваат нивните деца, но и дека нејзиниот поранешен сопруг не дошол на судењето.
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Како што вели контроверзната пејачка во своето обраќање, таа не сака да има ништо повеќе во врска со својот претходен живот, освен доколку станува збор за прашање на живот и смрт.
„Во тој случај веројатно и ќе загинам“, напиша таа.
Инстаграм/ Душко Тошиќ
„Впрочем, секој може да направи деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не може секој да биде маж. Маж е оној што покрај жената стои онака како на потпишувањето на брачниот договор се вели – и во добро и во зло.. а мене животот за жал или за среќа ме ‘награди’ со сила низ сите проблеми, подеми и падови, низ морето зла, солзи и лоши луѓе сите овие изминати години да .. одам сама.“
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
„Знам. Тешко е да се стои покрај мене, тешко е да се чекори покрај мене, а уште потешко е да се застане пред мене“.
„Најверојатно затоа и сум толку страшна. За мене често велат дека сум луда, веројатно се во право. Затоа покрај мене отсега може да стои само луд. Како јас. Не прифаќам ништо помалку. Да ме сака лудо, како што знам и јас, па дури и кога сиот свет ме мрази. Немам што повеќе да додадам друже судија. Одиме понатаму“, напиша Јелена.