Реклама
FashionСтилТрендови

Oваа Македонка ги владее светските трендови – открива која ќе биде ХИТ боја на есента

Излозите на продавниците ќе бидат преплавени со бојата на виното.

Реклама

Светските модни списанија веќе откриваат која ќе биде најактуелната боја за престојната сезона есен 2024. Излозите на продавниците ќе бидат преплавени со бојата на виното.

Пинтерест

Модните трендови за оваа есен наговестуваат дека треба да го обновите плакарот со парчиња во нијанси на темно црвена боја. На сите страни ќе доминираат овие тонови, облека, чанти, мантили, чизми, патики, модни додатоци во крв-црвено е хитот кој инфлуенсерките веќе го истакнуваат на виралните видеа.

Пинтерест

И Македонките знаат да ги препознаат светските модни трендови. Нашата модна дизјанерка е предвесник на модата, Маја Кикириткова на еден настан воодушеви со нејзиниот изглед.

Маркетинг
Инстаграм/ Маја Кикириткова

Облечена во долг фустан со изразен шлиц, долги ракави, а затворено деколте Кикириткова блескаше во оваа креација во бордо боја.

Мајка на две мали деца со совршена линија која инспирира.

Маркетинг
Инстаграм/ Маја Кикириткова

Дизајнерката аутфитот го надополнила со златни модни додатоци, како златни сандали, масивен накит, обетки во златна боја и маркантна златна чантичка.

Инстаграм/ Маја Кикириткова

Бордо совршено оди со златни детали, но бидете храбри и со сребрените моменти, на пример, ставете убав сребрен накит со црна чанта и сребрени салонки. Не заборавајте да ги истакнете усните со бордо боја.

Инстаграм/ Маја Кикириткова

Дел од брендовите во новите колекции ги покажаа ексклузивните бордо парчиња. Ние го пронајдовме овој секси светкав фустан на „Зара“ кој чини 3990 денари.

„Зара“/принтскрин

Можете да „украдете“ некоја идеја од најновите креации, да си купите материјал и да сошиете фустан од насловна страна.

Пинтерест
Пинтерест
Пинтерест

Ако сакате  да влезете во ритамот на модата  следниот шопинг одберете нешто во бордо. Во продолжение неколку предлози како можете да изгледате оваа есен.

Пинтерест
Пинтерест
Пинтерест
Пинтерест

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button