Милица од Кавадарци беше во „Ѕвездите на Гранд“, но погледнете како изгледа сега, ги изненади сите!
Публиката беше во транс, таа полека но сигурно чекори кон нашето ѕвездено небо
Млада дама со енергија што ги воодушеви сите…
Младата музичка ѕвезда од Македонија, Милица Ризо Трајков (19), на социјалните мрежи позната и само како Милица Ризо, имаше спектакуларен настап во рамките на Тиквешкиот гроздобер кога приреди незаборавна вечер.
Публиката беше воодушевена кога ја виде како изгледа на сцената, а младата пејачка ги исполни очекувањата на сите.
Со својот енергичен настап направи вистински хаос, а многумина беа воодушевени и од нејзиниот провокативен стајлинг.
Инстаграм/ Милица Ризо (Тиквешки гроздобер)
Имено, Милица за оваа пригода облече светкаво трико зачинето со синџири и камчиња во најразлични бои, со деколте што во преден план ги истакна нејзините облини, додека високите потпетици го заокружија ова шик сценско издание на пејачката.
Инстаграм/ Милица Ризо (Тиквешки гроздобер)
Таа се појави и во црвена креација и со македонското знаме, а како изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Милица Ризо (Тиквешки гроздобер)
Потсетуваме, Милица во текот на минатата година се натпреваруваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, но за жал не успеа да стигне до полуфиналето. Таа тогаш беше во тимот на Александар Милиќ Мили, а покрај својот феноменален глас и нејзините изведби, ги воодушевуваше сите и со својот сценски настап.
Инстаграм/ Милица Ризо
Посебно се истакна нејзиниот настап кога на сцената се појави во речиси целосно проѕирен костум и го „шокираше“ сите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше оваа млада талентирана пејачка која во слободното време се занимава и со модерен балет, потсетете се во продолжение…