Тој додаде дека јајцата одгледани на фарма се најдобри и најздрави, бидејќи кокошките се слободни.
Тој откри рецепт со кој ќе добиете совршена и превкусна кајгана.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Во сад со малку сол се матат јајцата.
Во тава се додава голема коцка путер и се става на средна температура да се стопи.
Откако ќе се загрее се додаваат изматените јајца кои се мешаат со шпатула.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
„Некој додава млеко, некој крем, но ако добро готвите ништо од тоа не ви е потребно“ рекол готвачот и објаснил како да избегнете препржување на јајцата.
Тој советува јајцата да се турнат на страна во тавата и дека ќе продолжат да се пржат дури и кога тавата ќе се тргне од оган, биејќи ќе биде топла.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
„Со лажица префрлете ги вашите јајца врз кришки печен леб.
Намачкајте го лебот со путер, но не заборавајте дека и во јајцата имате путер.
ФОТО: Принтскрин / You Tube
Резултатот? Прекрасни, но сепак меки по текстура“, вели Оливер.
https://www.youtube.com/watch?v=s9r-CxnCXkg&t=5s&ab_channel=JamieOliver