Мики и Цеца повторно заедно – пејачката како кралица, Секуловски пресреќен, го живее својот сон!
Приватна прослава за која зборува целиот Балкан
Мики Секуловски во текот на денот објави неколку сториња направени на Белиот двор во Србија и ги изненади сите.
Кратките снимки Мики ги сподели на својот Инстаграм профил и од нив може да се види како се подготвува сцената, а македонската Гранд ѕвезда потоа сподели и селфи фотографија од ова необично место.
По некое време и неговата менторка од „Ѕвездите на Гранд“, Светлана Цеца Ражнатовиќ, сподели снимка од истата сцена.
Инстаграм
Како што објавија српските медиуми, станува збор за приватна прослава на која Мики повторно настапи со својата менторка.
Имено, ова нема да биде прв пат Мики да се појави на концерт на Цеца, а за еден нивен заеднички настап се уште се зборува.
Инстаграм
Станува збор за концертот што Цеца го одржа во Битола кога Мики се појави на сцената и нивната заедничка изведба сите ги воодушеви.
@mikisekulovski #mikisekulovski #cecaraznatovic #macedoniantiktok #balkantiktok #ceca #duet
Мики потоа со својата менторка настапи и на една приватна забава во Германија, па сега повторно ги изненади со овие свои објави.
Принтскрин/ Инстаграм
Цеца блескаше како милион $
Инаку, Цеца за оваа пригода беше дотерана од глава до пети, а посебно внимание привлече фустанот што го носеше.
Принтскрин/ Инстаграм
Таа на сцената заблеска во сребрен фустан со шлиц кој ги истакна нејзините нозе, а сличен ефект имаше и деколтето.
Принтскрин/ Инстаграм
Пејачката на прославата се појави со широка насмевка и со своите песни направи атмосфера за која уште долго време ќе се зборува.
Мики беше облечен во црн костум и заблеска со неа на сцената, а гостите уживаа во нивниот шарм и заеднички настап.