Кумата на Цеца се соблече и го покажа своето тело – фолкерката ужива, луксуз на сите страни
Еве во каков хотел ужива Вики Миљковиќ – позираше во костим за капење и ги запали социјалните мрежи
Познатата фолк-пејачка ужива во Анталија
Вики Миљковиќ сподели неколку фотографии на својот профил на Инстаграм со кои ги воодушеви бројните фанови.
Таа ги спакува куферите и непосредно пред почетокот на новата сезона од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ замина во Анталија.
Пејачката го избра ова место да си ги наполни батериите и да се одмори пред новите предизвици во животот, а фотографиите што ги објави ги изненадија нејзините бројни обожаватели на Инстаграм.
Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Имено, таа позираше во костим за капење во максимално опуштено издание покрај базенот и уживаше максимално.
Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Може да се види дека е сместена во луксузен хотел, но и дека пејачката изгледа неверојатно за свои години.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа си ги снимаше одблиску и нозете, а многумина беа воодушевени и од нејзиниот костим за капење.
Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Како Вики изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Потсетуваме, колегата на Вики од „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, неодамна ги изненади сите кога откри нешто за пејачката.
Инстаграм/ Вики Миљковиќ
Тој е познат како некој што нема влакна на јазикот, па во една пригода без размислување откри каква е Вики приватно.
Инстаграм/ Вики Миљковиќ
„Таа е најдобриот човек што сум го запознал за 58 години. Немам сретнато личност во оваа работа што нема ни еден грам зло, зависност, суета, и ако некој во животот ми помогнал онака обилно за овие четири-пет години колку што сум во жирито со своите совети, време, смирување на мојот растреперен дух, тоа е Вики Миљковиќ. Бескрајно сум и благодарен за тоа“, изјави рокерот Ѓорѓе Давид неодамна за својата колешка, пишува порталот „Гранд,онлајн“.