Македонската Гранд ѕвезда се ожени, ова е невестата – свадбата лудило, првиот танц ги воодушеви сите
Беше весело, лудо и незаборавно
Се ожени македонскиот пејач кој победи во втората сезона од Пинк ѕвезди и потоа освои одличен резултат и во „Ѕвездите на Гранд“.
Мите Стоилков кој ги освои сите во споменатите шоуа за својот талент при крајот на минатата година ја побара за жена својата девојка Марија Минова. Тогаш неколку фотографии од запросувањето испливаа на социјалните мрежи и ги воодушевија сите.
Мите пред неколку дена ги покажа кумовите и деверот, а сега сподели и бројни снимки од раскошната свадбена веселба.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Прославата беше организирана во луксузен ресторан кој целосно беше декориран до најситни детали од кои застанува здивот.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Очигледно дека новопечениот пар се погрижи се да изгледа како во бајка, па сите гости беа воодушевени од прославата.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Невестата блескаше во магичната венчаница во која изгледаше како принцеза, а младоженецот носеше класичен костум.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Инстаграм/ Мите Стоилков
Нивниот влез во луксузниот ресторан предизвика голем аплауз, а за првиот танц и двајцата не ги тргаа насмевките од лицата.
Повеќе детали од оваа бајковита прослава, погледнете во продолжение…