Еве како нашите познати сестри уживаат на плажа – ќе се изненадите и кој е цело време со нив (фото)
Сестрите Тијана и Тамара на заеднички одмор во септември
Сестрите уживаат во заедничките моменти
Тамара Тодевска замина на одмор со најдоброто можно друштво – со својата родена сестра Тијана Дапчевиќ и нивната мајка Брана.
Тие и двете објавија фотографии на социјалните мрежи и покажаа како лудо се забавуваат во овие заеднички моменти.
Иако познатите сестри често објавуваат заеднички моменти, во вакво издание досега речиси никогаш не сме ги виделе.
Инстаграм
Тијана откако се омажи со сопругот Милан и нивниот син Вук живее во Белград, а Тамара остана да живее со своите деца, Хана и Дарен, по разводот од својот поранешен сопруг..
Инстаграм
Таа деновиве имаше и една посебна причина за да се радува – нејзиниот син за прв пат седна во школските клупи.
Инстаграм
Но очигледно пејачката реши овој викенд да го искористи максимално и заедно со својата сестра да си ги наполнат батериите.
Фотографиите што и двете сестри ги објавија зборуваат доволно дека тие сите заедно одлично се забавуваат.
Инстаграм
На една од овие симпатични фотографии е и нивната мајка Брана која ужива во својата улога на баба на Хана и Дарен.
Инстаграм
Потсетуваме, Тијана и пред само неколку дена објави фотографија на која е во костим за капење и сите ги воодушеви.
Таа тогаш позираше пред огледало во спалната соба, а сите беа согласни дека изгледа подобро од кога било досега.
Инстаграм
Како Тијана изгледаше и во ова издание погледнете во продолжение, а повеќе за нејзината диета прочитајте тука…