Реклама
Наши ѕвезди

Нашиот новинар кој се соочува со ТЕШКА БОЛЕСТ сподели емотивна порака – зборови што не се забораваат

Познатиот новиннар им се залагодари на сите, а причината што го направи тоа беше посебна

Реклама

Поддршка добива од сите страни, поддршка во моментот кога на секој што се нашол во слична ситуација многу значи

Познатиот новинар, Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, некаде при крајот на летото минатата година ги загрижи своите бројни обожаватели и пријатели кога призна дека боледува од рак и дека веќе некое време се бори со оваа тешка и опака болест.

Тој потоа во октомври направи операција, па се огласи од болницата, а многумина му посакаа да оздрави што поскоро.

Маркетинг

Но по некое време следуваа и хемотерапии, а потоа повторно му беше откриено дека има рак и дека треба да се оперира.

Маркетинг
Инстаграм/ Зоки Фаци

Зоки овој пат реши тоа да го направи во една клиника во Турција, а благодарение на неговиот пријател, јутуберот Стефан Лазаров, и хуманитарната акција што тој ја започна за собирање средства, новинарот замина на лекување.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Имено, Зоки замина да направи операција во Турција, но како што откри Лазаров во едно од своите последни обраќања, ситуацијата е влошена и ракот се проширил и на коската, така што потребни се дополнителни испитувања (повеќе за ова прочитајте тука).

Инстаграм/ Зоки Фаци

Светло на крајот од тунелот

Но и покрај тоа што поминува низ тежок период, Зоки овие денови ги израдува своите фанови и со една убава вест.

Имено, на новинарот му беше роденден, па на Инстаграм објави неколку фотки и им се заблагодари на сите што му овозможија овој ден да се чувствува како вистински крал и да го прослави со насмевка.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Тој објави неколку фотографии од прославата со пријателите во Турција, на кои се гледа дека и покрај исцрпеноста која поприлично го промени и тешкиот период низ кој што поминува, сепак не се предава.

„Посветено на мојот народ, македонски, фала ви луѓе мои за сé“, напиша Зоки под неговата објава на Инстаграм. Следуваа бројни честитки и коментари со зборови на поддршка, истакнувајќи дека се горди со него и со сето она што го прави за нив, што шири позитивна енергија и покрај тешката ситуација во која што се наоѓа.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„И јас некогаш си посакував само уште бар некој роденден, фала му на Господ, еве поминаа 25, тебе ти посакувам бар дупло, јас сега имам неполни 65 години“, пишува во еден од коментарите под објавата.

Потсетуваме, Зоки неодамна на социјалните мрежи откри дека ракот повторно му се вратил, а сé започнало пред три години, кога открил топче на ногата, кое со испитување е дијагностицирано дека е сарком. По ова се случи и првата операција, за да по некое време повторно му се врати на истото место, по што следуваа хемотерапии.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Новинарот првите две години болеста ја држеше во тајност, но потоа реши повеќе да не крие и со својата приказна да ги инспирира луѓето максимално да го искористат секој ден од животот.

„Кога дознав за канцерот, прв пат.. откако ми го открија, буквално живеам турбо, од денес за утре, не ми се веруваше ни дека ќе дочекам Нова година“, изјави Зоки искрено во една пригода, не криејќи дека му е тешко, но истовремено покажувајќи дека секој треба да се труди и да биде позитивен, да ја пронајде својата ведра страна и покрај сите неволји што му се случуваат во животот.

Инстаграм/ Зоки Фаци

И Зоки тоа одлично го прави, а под секоја од своите објави добива пораки со поддршка од неговите бројни пријатели и фанови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button