Калиопи во шок, се шири лажна вест за неа – пејачката избезумена, веднаш се огласи и Џамбазов (фото)
Се шири морбидна лага дека пејачката починала, таа веднаш се огласи, а се обрати и до надлежните органи
Пејачката Калиопи Букле мораше веднаш да реагира на лажната вест што се појави за неа на социјалните мрежи.
Имено, на социјалните мрежи се појавија лажни фотографии на кои Калиопи е во болничка постела, а во прашање е фотомонтажа.
Покрај морбидните фотографии, истите се проследени и со страшни лажни информации дека пејачката е во болница и дека докторите, наводно, се борат за нејзиниот живот.
Инстаграм/ Калиопи
Во прашање е фотомонтажа која предизвика бес кај Калиопи, па револтирана и со горчина се обрати преку социјалните мрежи.
Инстаграм/ Калиопи
И како што самата вели, за сторителите на овој нехуман чин е започната постапка која што ја водат надлежните органи.
Инстаграм/ Калиопи
„Во минатото имаше разни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги премина сите претходни манипулации, вели таа.
Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот. Упатувам апел до одделот за компјутерски криминал при министерството за внатрешни работи, да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби, вели Калиопи во своето обраќање.
Инстаграм/ И. Џабвазов
Под нејзината објава се огласи и Игор Џамбазов кој досега повеќе пати се соочувал со ваква злоупотреба.
„Чекај, чекај, прв пат ти е…не си искусна…“, напиша саркастично Џамбазов, а Калиопи му одговори само со едно „Ах!“.
Инстаграм/ Калиопи
Инаку, во оваа страшна вест се вели дека пејачката наводно починала, што ги шокираше и незјините бројни фанови.
„Болесници“, „Ова е страшно“, „Господе боже, каква морбидност и какви умови шетаат меѓу нас“, беа само некои од бројните коментари што Калиопи ги доби под оваа нејзината страшна објава.