Реклама
Наши ѕвезди

Милостлив Боже, заштити ме, мене грешниот – Зоки се ПОМОЛИ ВО ЦРКВА, наскоро го чека операција

Познатиот новинар се огласи од црква

Реклама

Познатиот македонски водител Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци веќе неколку години се бори со тешка болест.

Тој минатата година откри дека има канцер, а неговата приказна тогаш за мајката и детето што ги сретнал на онкологија расплака многумина.

„Сабајле бев на онкологија, правев некои испитувања, па да ги земам резултатите од.. тоа! И видов една мајкичка, со детенце, на возраст од некои осум, девет години, исто така болно од канцер“, откри Зоки во септември минатата година кога реши да ја донира својата колекција со скапи патики и брендирани очила за сонце за да собере пари за донации за деца болни од оваа опака болест.

Маркетинг

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Наместо тоа дете да оди на школо, детето се бори со најопаката болест која ја имам и јас“, изјави тогаш Зоки во своето видео што го сподели додавајќи дека и го земал телефон на мајката и им ветил дека се што може ќе помогне тоа детенце пак да оздрави.

Маркетинг

„Такви луѓе има еден куп. Помагајте луѓе, многу е битно да подадете рака на некој што му треба вистински. Бог е голем и памти“, изјави тогаш Зоки на крајот од видеото со кое што откри дека и тој се соочува со тешката болест.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Зоки потоа повеќепати зборуваше јавно за состојбата со која што се соочува, а неговиот колега и пријател, јутуберот Стефан Лазаров неодамна направи хуманитарна акција за собирање средства за лекување на Зоки во Турција, каде треба да му биде направена операција за отстранување на туморот.

Овие финансиски средства се собраа бргу, и Зоки благодарение на хуманите луѓе замина за Истанбул да ја направи операцијата.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Тој сега од таму се огласи и сподели неколку фотографии направени во црква, па под нив го напиша следново:

„Со молитва, слава ти Боже милостив, заштити ме, мене грешниот“, напиша Зоки, а во коментарите доби поддршка од голем број фанови.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Потсетуваме, на Зоки пред три години му се појавило топче на ногата, кое излезе дека е сарком, што му беше отстранет во Државна болница. По една година на Василевски повторно му се појавува сарком на истото место, па тој започнал со хемотерапија, кои тешко ги поднесува, а му се појавува и туморот на стомакот.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Од овие причини тој мораше да замине итно на операција за отстранување на туморот, а благодарение на Стефан Лазаров и хуманите луѓе, истата ќе му биде направена во Турција. Новинарот кога дозна што планира Стефан да направи за него, не можеше да ги сокрие солзите, па заплака во живо во емисија, а беше пријатно изненаден и кога за само неколку дена се собраа потребните средства.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Јас сакам да се заблагодарам јавно на цела Македонија, не очекував дека после 20 години кариера конечно ќе сфатам дека Македонија ме сака“ рече тогаш познатиот новинар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button