Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите од бизнисот со кој се занимаваат Тијана и нејзиниот сопруг – пејачката и од ова заработува

Пејачката со сопругот има плантажа со ореви

Реклама

Пејачката откри детали од својот бизнис

Нашата позната пејачка Тијана Дапчевиќ во една пригода откри дека со својот сопруг Милан започнале приватен бизнис.

Имено, Тијана задно со сопругот на имот во близина на Белград имаат посадено специјален вид на ореви.

Маркетинг

Тие сега уживаат во благодатите од нивниот бизнис, а пејачката во една пригода откри дека и таа помага околу обврските.

Маркетинг

„Можеш да идеш и да го тресеш оревот, па потоа тие убаво ќе паднат и тогаш не ти треба онаа машина за тресење што ќе ја платиш многу па. Потоа се оди за сушење, така што добро е да имате плантажа“, изјави таа.

И бидејќи многумина мислат дека таа и нејзиниот сопруг од овој нов бизнис имаат голема заработка, Тијана објасни.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

„Тоа се предрасуди и луѓето живеат во заблуда дека ние пејачите што се занимаваме со јавна работа имаме дрво пред зградата каде долу се 20 евра, малку повисоко по 50, а на врвот се виолетовите. Тие мислат дека ние ги береме парите, значи тоа се само заблуди“, појасни таа.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Потсетуваме, Тијана и нејзиниот сопруг Милан имаат брак кој иако не бил без турбуленции, е полн со разбирање, љубов и поддршка.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Круна на нивната љубов е нивниот син Вук, а пејачката во една пригода, за нивна годишнина откри еден интересен детаљ.

Имено, Тијана за 18 годишнината од бракот му се обрати на својот сопруг јавно и откри дека нејзината мајка во младоста читала раскази од српскиот писател Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан.
И токму заради овој женски лик кој што се викал така во приказните на Јакшиќ, мајката одлучила подоцна првата ќерка да си ја крсти по неа.

„Две школи, една академија и неколку ‘љубови’ подоцна, го запознав Милан на место на кое не знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), бидејќи спорт не поднесувам. Од тогаш, ние двајцата поднесуваме сé. И од тогаш сите мисли ми започнуваат со множина. Нека ни е среќна 18 годишнината“, напиша тогаш Тијана на својот профил на Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button