Македонската убавица е одлична домаќинка – погледнете какво ремек дело направи во кујна
Нашата позната убавица покажа и како се снаоѓа во кујна.
Црнокрак направи вистинско ремек дело, па дури и само што ќе ја видите фотографијата ќе ви се пријаде.
Светлана Црнокрак е една од најубавите жени на нашата естрада.
ФОТО: Инстаграм / Светлана Црнокрак
Иако ја гази петтата деценија од животот, под нејзините фотографии на Инстаграм може да прочитате само пофални зборови за изгледот, како на пример: „совршенство“, прекрасна жена“ и слично.
Заедно со нејзиниот сопруг, Мики Црнокрак, повеќе од 2 децении успешно го водат модното студио „Црнокрак“.
ФОТО: Инстаграм / Светлана Црнокрак
Со нивна помош, многу убавици стигнале до светски избори за убавина и освоиле први награди.
Тие се едни од најскладните парови на јавната сцена и се доказ дека бракот може одлично да функционира, иако сопружниците се во иста професија и се постојано заедно.
ФОТО: Инстаграм / Светлана Црнокрак
Плод на нивната љубов се ќерките Моника и Ника, кои веќе тргнаа по нивните стапки.
Освен што изгледа фантастично и што максимално посветува внимание на изгледот, Светлана е одлична домаќинка, која сака да зготви вкусни јадења за своето семејство.
ФОТО: Инстаграм / Светлана Црнокрак
Оваа фотографија е доказ за тоа.
Таа на Инстаграм се пофали со крофничките кои ги направила, а на кои ретко кој би можел да одолее.