Нашата Барби се прошета во проѕирни панталони – фолкерката пак е главна тема на интернетот
Пејачката го покажа своето згодно тело во целосно проѕирно издание, цел град се вртеше по неа
Некако ни станува вообичаено оваа наша позната дама со своите снимки одвреме-навреме да ги „раздрма“ социјалните мрежи.
Станува збор за пејачката Сања Цинцева, попозната како Сања Барби, која ова недела беше поприлично активна на Инстаграм.
Па така откако објави неколку снимки на кои позираше во бикини со интересен „анимал-принт“, покажувајќи ја својата дива страна, пејачката објави и едно видео со кое исто така никого не остави рамнодушен, посебно помеѓу претставниците на посилниот пол.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Но овој пат таа и облечена направи лом, ако зборот „облечена“ воопшто одговара за ова нејзино провокативно издание.
Имено, Сања од глава до пети беше облечена во проѕирно – горе „кроп-топ“ од мрежа под која сé се гледаше, а и долу носеше проѕирно така што пејачката речиси ништо не остави на фантазијата.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Сања со овие свои објави привлекува големо внимание на Инстаграм, каде што ја објави и оваа своја провокативна комбинација.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Проѕирните панталони што ги носеше ја истакнаа нејзината позадина, па може само да претпоставиме како реагираа случајните минувачи.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Потсетуваме, слично издание, но само во бела боја неодамна носеше и српската пејачка Николија Јовановиќ.
Инстаграм/ Николија Јовановиќ
Ваквите смели проѕирни изданија се хит веќе некое време во светот, а овој тренд очигледно не ги заобиколи и нашите дами.
Инстаграм/ Николија Јовановиќ
И Гиговска во една пригода се прошета во проѕирни „панталони“, а и актерката Марија Каран можевме да ја видиме во слично издание.
Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инстаграм/ Марија Каран
Па, што мислите за овој тренд на познатите дами?