Реклама
Наши ѕвезди

Нејзината убавина остава без здив – еве како изгледа ќерката на Биба Додева

Познатата македонска пејачка сподели фотографии од нејзината ќерка.

Реклама

Биба ја покажа својата наследничка и јавно ѝ го честиташе роденденот.

Поп-дивата Биба Додева многу ретко споделува детали за својот приватен живот на социјалните мрежи.

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

Пред две години, на 47-годишна возраст Буба заплови во брачните води со својот партнер Срѓан Шрепфлер.

Маркетинг

Ова е втор брак за поп-дивата.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

Од првиот брак ја има ќерката Емануела, која премногу личи на неа и е вистинска убавица, а воедно и нејзина гордост.

Емануела е докторка по професија и воопшто не сака јавно да се експонира.

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

По повод роденденот на својата наследничка, Биба содели нивни зедни фотографии, на кои убвината на Емануела остава без здив.

„Среќен 30-ти роденден, кере моја!

Гледајќи те како растеш, воспитувајќи те да станеш добар човек, да израснеш во неверојатна жена кoja што си денес, беше еден од најголемите предизвици во мојот живот“, напиша Биба и додаде:

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

„Не знам како ти се падна јас да ти бидам мајка, ама ти секогаш ќе бидеш мојот избор… Ти си моја среќа и мој неспокој, моја радост и болка, моја гордост, моја слабост и моја љубов најголема.

Многу сум горда како помина низ се што ти донесе животот, продолжи да сјаеш и да чекориш со глава исправена. Не секој би имал храброст и не секој го можеше тоа. Никогаш не заборавај колку си силна!

Влегувајќи во оваа нова деценија, (4та) посакувам да ти биде исполнета со многу здравје, љубов, смеа, бескрајни можности и к’смет да постигнеш успех во се’ што ќе те направи среќна“.

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

„Продолжи да ја сјаеш, да ги следиш своите соништа, да ја искористиш секоја прилика и да си ја изнауживаш со мерак секоја авантура што ќе ти се најде на патот.

Жива и здрава да си ми, на здравје во твое име!

Те сака мама бескрајно“, напиша Биба во опис.

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

ФОТО: Инстаграм / Биба Додева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button