Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка му го прости неверството на саканиот?! Наместо развод, еве што му направи

Го напушти семејниот дом, па потоа повторно се врати...

Реклама

Тијана Дапчевиќ повеќе од две децении е во љубов со својот сопруг Милан, а својот брачен живот никогаш не го криела.

Круна на нивната љубов е нивниот син Вук, а пејачката често објавува семејни фотографии на социјалните мрежи.

Од овие нејзини објави може да видиме како изгледа станот во кој што живее, но и како со сопругот имаат складен брачен живот исполнет со многу љубов и беспрекорни родителски однос кон нивниот син.

Маркетинг

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Нивниот брачен живот започна во 2001 година, а во 2015 година се ширеа гласини дека Тијана планира да се разведе.

Маркетинг

Како што пишуваат медиумите, пејачката тогаш неколку дена помина надвор од нивниот дом за да си ги среди мислите, но тогаш, во тие емотивни моменти сфатила и дека не може без својот сопруг. Наводно таа го фатила својот сопруг во незгодна ситуација со некоја келнерка, но очигледно решила да му го прости тоа, да заборави на сé, но и никогаш повеќе да не зборуваат на оваа тема, пишува српскиот Курир.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

И како што и самата изјави подоцна, нејзиниот брак не е идеален, но опстанува заради љубовта што таа и Милан ја чувствуваат.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Па така, кога по неколку години славеа 18 годишнина од бракот Тијана јавно му се обрати на сопругот со порака дека нејзината мајка во младоста читала раскази од српскиот писател Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан. И токму заради овој женски лик кој што се викал така во прикзните на Јакшиќ, мајката одлучила подоцна, кога ја родила својата прва ќерка да си ја крсти Тијана.

„Две школи, една академија и неколку ‘љубови’ подоцна, го запознав Милан на место на кое не знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), бидејќи спорт не поднесувам. Од тогаш, ние двајцата поднесуваме сé. И од тогаш сите мисли ми започнуваат со множина. Нека ни е среќна 18 годишнината“, напиша тогаш Тијана на својот профил на Инстаграм.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Потсетуваме, бракот на Тијана и Милан иако не е без турбуленции, сепак е симбол на толеранција и голема љубов.

Принтскрин/ Јутјуб, РТС

Од фотографиите што Тијана ги споделува на социјалните мрежи повеќе од јасно е дека се складен пар кој меѓусебно се поддржува.

Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Пејачката неретко знае да сподели нивни заеднички моменти и да открие како изгледа нејзиниот семеен живот.

Тие го имаат синот Вук кој откако се роди претставува центар на нивниот свет и тие заедно го воспитуваат и бодрат низ животот.

Инаку, Милан често доаѓа во Скопје со Тијана, што и таа самата во една пригода го потврди за Гламур магазин. Како што самата вели, по 23 години заеднички живот со неа и нејзиниот сопруг стекнал пријатели во Македонија, а воедно инсистираат и да не бидат многу одвоени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button