Еве како изгледа сега пејачката Ивона од Куманово – по операцијата целиот живот и се промени (фото)
Пејачката денес изгледа многу поразлично
Пее како славеј, а оние што ја познаваат велат дека никогаш во животот не сретнале подобра душа
Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, денес изгледа многу поразлично отколку кога прв пат се појави на сцената
Оваа извонредна млада дама многумина ја паметат како убава и талентирана пејачка која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.
Но и покрај својот неверојатен талент, таа посебно ги изненади сите со уште поневеројатната трансформација што ја направи.
Инстаграм/ Ивона Јо
Имено, Ивона по шоуто реши драстично да го промени имиџот, но и да ослабне, а по операцијата на желудникот и првите резултати пејачката изгледаше непрепознатливи и сите ги изненади.
Таа тогаш ослабна повеќе од 50 килограми и ги шокираше сите кога нејзините фотографии прв пат се појавија во јавност.
Инстаграм/ Ивона Јо
Ивона операцијата ја направи во Турција, пред точно три години, а потоа им се врати на своите настапи и за кратко време стана една од најбараните и најпопуларните пејачки во Македонија.
Инстаграм/ Ивона Јо
Таа пред една недела го прослави својот 28 роденден, а само десетина дена порано ја издаде и својата нова песна која веќе е хит.
Инстаграм/ Ивона Јо
Станува збор за песната „Тие очи“ која воедно и е втор сингл за оваа година, по песната „Друго“ објавена четири месеци претходно.
Инстаграм/ Ивона Јо
И двете песни се објавени со интересни видео записи, а како Ивона Јо изгледа во нив, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, Ивона не е единствената поранешна Гранд ѕвезда од овие простори што ослабнала со операција на желудникот.
Пред неа тоа го направи и Крстиња Тодоровиќ, а со истата метода ослабна и познатиот фолк-пејач Дарко Лазиќ.